вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 11
home Вести

Д-р. Срцева: Сведоци сме на трицифрени бројки на новоинфицирани, а не убедуваат оти вирусот слабее

Д-р. Срцева: Сведоци сме на трицифрени бројки на новоинфицирани, а не убедуваат оти вирусот слабее

Неколку дена сведочиме на троцифрени бројки на новоинфицирани на дневна основа, како и, за жал, на починати, а сепак не убедуваат дека вирусот слабеел!, истакна на денешната прес-конференција д-р. Марија Срцева Јовановски која ви ја пренесуваме интегрално.

Воопшто не е така. Ситуацијата со корона вирусот е целосно излезена од контрола. Дополнително на сето тоа се зголемува и бројката на новоинфицирани здравствени работници.

Четврти месец во борбата со корона вирусот и лошиот менаџмент, резултира со неконтролирано влошување на состојбата. Македонија стана црна точка во регионот и пошироко! Има многу новоинфицирани и починати за краток период.

Она што се случува е поигрување со здравјето на граѓаните.

Не смееме граѓаните да се оставиме сами на себе. Не смее и не може граѓаните да се виновни за оваа состојба.

Затоа доста, доста беше залажување, доста со политики. Да се отстапи место на струката, на оние кои директно и секојдневно се соочуваат со последиците предизвикани од овој вирус. Кога ќе се стави ситуацијата со корона вирусот под контрола ќе имаме време за се, ќе ги отвориме сите теми. Сега единствен приоритет е здравјeто на граѓаните!

Коронавирус