четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 172
home Вести

Д-р Ристески: Со волкав број новозаразени, скоро е невозможно да се излезе на избори кои би биле безбедни

Д-р Ристески: Со волкав број новозаразени, скоро е невозможно да се излезе на избори кои би биле безбедни

Докторот Милан Ристески преку статус на Фејсбук пишува дека Со волкав број катадневно новозаразени, а со катадневно прикажаното придржување кон мерките и препораките, скоро е невозможно да се излезе на избори кои би биле безбедни, особено за постарите.

И додека чекам вести од лидерскава, ме јаде јанѕа, па морам гласно:
1. Со волкав број катадневно новозаразени, а со катадневно прикажаното придржување кон мерките и препораките, скоро е невозможно да се излезе на избори кои би биле безбедни, особено за постарите. Зошто наместо демократско изразување на волјата да направиме страв и несигурност од зараза? Која е воопшто смислата на таквите избори? Моите домашни, постари, кои и те како сакаат да излезат и секогаш до сега гласале, постојано прашуваат дали ако излезат со N95 маска, по потреба и визир, со неминовна пред и после дезинфекција на рацете, би биле заштитени? Да, би биле, дури и ако не се менува пенкалото, но за наредното прашање немам одговор – Во случај да им биде скратено правото да гласаат од било какви причини кои некои би ги сакал да ги прикаже како легитимни, каде ќе се жалат тој ден? Ако некој во избирачките комисии или набљудувачите не се придржува до мерките и препораките, луѓето воопшто нема да влезат да гласаат!!!
2. не прифаќам он лајн гласање без апсолутен доказ дека нема злоупотреба и хакирање
3. не ми се допаѓа што ОБСЕ има Мисија во Скопје (од Тетово), а не во Македонија!!!
4. не ми се допаѓа тоа што некој многу прецизно го става Вториот бран во Септември, изричито!!! Па свесни ли сте бре од колку параметри зависат изјавите за втор бран, трет бран, пик, плато, итн…
5. Дали на ден на гласање ќе има контрола на движење од страна на органите? Овој дел ми е многу нејасен, никој ништо не кажува
Ако ми текне уште нешто, ќе пишам…, стои во неговиот пост на Фејсбук.

И додека чекам вести од лидерскава, ме јаде јанѕа, па морам гласно:1. Со волкав број катадневно новозаразени, а со…

Gepostet von Milan Risteski am Montag, 18. Mai 2020

 

Коронавирус