сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Д-р. Ристески: Не сум слушнал поголема глупост од носење маска на отворено

Д-р. Ристески: Не сум слушнал поголема глупост од носење маска на отворено

Доктор Милан Ристески од Клиниката за онкологија смета дека граѓаните во земјава мора да ги почитуваат препораките за заштита од ковид 19, за да се избегне италијанското сценарио. Но, според него, предложената мерка за носење маски на отворено, е непотреба.

Ова тој го нагласи во разговор за емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

„За да не дојде до италијанско сценарио во земјава треба да ги следиме препораките на лекарите. Што значи тоа? Држење на дистанца, носење на маска, знаење кога таа маска веќе би била можеби валкана, готова за промена. Но, и одредени други работи кои се препорачуваат. А кога станува збор за носење маска надвор, не сум слушнал поголема глупост. Да, вие имајте ја маската надвор, но се додека држите дистанца, немате никаков проблем. Ако сака некој да ви се приближи можеби поблиску, ставете ја маската, поздравете се. Но потоа со задолжително дезинфицирање на рацете, и никому нема да му биде ништо. Се додека го следиме сето тоа, нема да бидеме во опасност. Меѓутоа, ако сметаме дека се е лага, тоагаш би можеле да влеземе во италијанското сценарио. Сега температурата не е толку снижена за да биде проблем, но вистинскиот проблем кој ќе дојде, ќе биде загадувањето. Кога нема да можеме да ги луфтираат просториите поради загадениот воздухм, тогаш ќе биде големиот проблем“, рече доктор Ристески.

Коронавирус