недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Д-р Петличковски: На добар пат сме да ја победиме пандемијата

Д-р Петличковски: На добар пат сме да ја победиме пандемијата

Во гостување во Дневникот на Сител, Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски истакна дека треба да се направи баланс меѓу стегањето и олабавувањето на мерките.

„Сега имаме топло време, отвореност на просториите и шетањето на луѓето на отворено и не е сигурно дека новите мерки ќе дадат лоши резултати. Сепак апелирам на внимателност, бидејќи сме на добар пат во моментов и имаме шанси да постигнеме нешто убаво и многу вредно, односно големо намалување на распространетоста на вирусот и победа над кризата“, вели Петличковски

Од среда најавите се дека мерките против коронавирусот уште повеќе ќе се олабават. Врз основа на епидемиолошката слика за која Комисијата за заразни болести смета дека е подобрена, се предлага да се намали полицискиот час, кој би требало да започне од полноќ, но и да се продолжи работното време на угостителските објекти.

ЕУРО 2020

Македонија