вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 162
home Вести

Д-р Пановски на ден пред отварање на градинките: Комисијата за заразни болест има страв од родителите

Д-р Пановски на ден пред отварање на градинките: Комисијата за заразни болест има страв од родителите

Професорот на Медицинскиот факултет д-р Никола Пановски во разговор за Канал 5 ТВ изјави дека градинките требаше да се отворат уште во почетокот на мај.

-Ако веќе се отвораат, дека не гледам сега нешто дека состојбата е полоша или подобра од претходно. Ризик секогаш постои. Знам дека Кризниот штаб и Комисијата за заразни болест имаат страв од родителите. Кога одат децата во градинка, 90% од нив се заразуваат, па никому ништо, вели Пановски.

Тој смета дека масовните собири во внатрешни простории се оние што прават кластери, т.н. биолошки бомби и нагло ширење на болеста.

-Училиштата требаше да се отворат многу порано, а за прво одделение и прва година средно со физичко присуство, за да се запознаат со наставниците. Сепак, ова е тотална неподготвеност и плус со тоа кога ќе ја додадете и одлуката за враќање на работа на хронично болните лица, изјави Пановски.

Коронавирус