вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Д-Р. КОСТОВ-ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ИМА НАПЛИВ НА ЗАРАЗЕНИ: Доаѓаат пациенти со најтешка клиничка слика и мора да бидат на респиратор

Д-Р. КОСТОВ-ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ИМА НАПЛИВ НА ЗАРАЗЕНИ: Доаѓаат пациенти со најтешка клиничка слика и мора да бидат на респиратор

Со најтешка клиничка слика во последните два-три дена доаѓаат заразени пациенти со корона вирусот во Градската општа болница „8 Септември“. Директорот, д-р. Христијан Костов за Фактор потврди дека новите пациенти кои ги хоспитализираат, за 24 часа завршуваат на респиратор.

– Има наплив на новозаразени во ГОБ „8 Септември“, односно во тријажниот центар на болницата. Ситуацијата е навистина тешка, особено поради фактот што во последните два-три дена тука се хоспитализираат 6 до 8 позитивни на Ковид-19. Загрижува фактот што заболените само по 24 часа мора да бидат ставени на респиратор, бидејќи многу брзо развиваат тромбемболија, а од тоа тешко некој може да се спаси, вели д-р. Костов за Фактор.

Појаснува дека во моментов има 8 пациенти кои се на респиратор и дека остануваат слободни уште 15 респираторни апарати, нагласувајќи дека оваа болест е голема енигма и дека постојано се менуваат лекарствата и терапиите.

извор: faktor.mk