вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Д-р Јовчески до Заев: Покажете повеќе почит за нашите херои и прекинете со понижувањето на нашите предци

Д-р Јовчески до Заев: Покажете повеќе почит за нашите херои и прекинете со понижувањето на нашите предци

Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп, јавно му се обрати на премиерот Зоран Заев.

Неговото обраќање, прочитајте го во продолжение

„Господине Премиер,

Ве молам покажете повеќе почит за нашите херои во народно-ослободителната војна и прекинете со понижувањето на нашите предци.

Прилеп е град херој токму затоа што нашите партизани, заедно со кумановските, први го запалија факелот на слободата во борбата против бугарскиот фашистички окупатор. Нашите дедовци беа храбри родољуби и антифашисти, а ние сме горди на нивната саможртва и подвиг.

На 11-ти Октомври повелете во Прилеп да се поклониме пред споменикот Могила на непобедените, за сами да се уверите колку народот си ја почитува и цени својата историја и прилепските херои кои загинаа за Македонија“.

Најнови вести

Локални избори 2021