понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 102
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Д-р Гупта: Можно е 30 милиони Британци досега да ја прележале короната?!

Д-р Гупта: Можно е 30 милиони Британци досега да ја прележале короната?!

Можно е корона-вирусот да заразил половина од нааселението во Велика Британија, а бидејќи таа има 66 милиони жители, тоа би значело дека 30 милиони Британци веќе го прележале Ковид-19, смета оксфордскиот епидемиолошки експерт, д-р Сунетра Гупта. Потребни се обемни тестирања за да дознаеме во која фаза од епидемијата Велика Британија се наоѓа во овој момент, пренесува „Слободна Далмација“.

Гупта е професорка по теориска епидемиологија на Универзитетот Оксфорд. Таа во интервјуто за „Фајненшел тајмс“ изјавила дека смета дека сегашниот пристап кон справувањето со епидемијата на корона-вирусот во Велика Британија е резултат на некритичкото прифаќање на студијата на Лондонскиот империјален колеџ, која диктирала проблемот со епидемијата да се решава со воведување карантин, во послаб или построг облик.

Доколку професорката Гупта и нејзиниот тим се во право, тоа би значело дека карантинот во Британија треба да заврши многу порано одошто се претпоставуваше бидејќи таканаречениот „имунитет на стадото“ практично е веќе создаден. Теоријата на „имунитетот на стадото“ вели дека вирусот, во случајов Ковид-19 ќе престане да се шири кога доволно голем дел од популацијата ќе стане отпорен на него откако ќе ја прележи инфекцијата.

Како што е познато, британската Влада неодамна се откажа од стратегијата со короната да се справува преку градење на имунитет на стадото поради стравувањето дека британскиот здравствен систем би колабирал од напливот на корона-пациенти. Велика Британија најави дека наскоро ќе започне со обемно спроведување тестови за присуство на короната кај населението, набавени се 3,5 милиони тестови кои можат да се прават и дома, па има предвидувања дека резултатите од тестирањата повторно би можеле да ја сменат стратегијата.

Шерон Пикок, директорката на Националната служба за инфективни болести на Обединетото Кралство изјави дека со новите тестови ќе се утврди ако некој претходно бил заразен со корона-вирусот, за разлика од досега постоечките тестови на антигени, кои покажуваат дали некој, кој има симптоми на Ковид-19 го носи во себе вирусот. Пикок најави дека до крајот на неделава тестовите ќе бидат проверени и подготвени за употреба и ќе можат да се набавуваат и преку Амазон, но за некои модели на тестовите сепак ќе биде потребно да се појде на лекар.

Според директорката на Националната служба, овие тестови ќе се применат првенствено на вработените во медицинските установи за да биде утврдено дали се подготвени за враќање на работа откако претходно биле излежени на иинфекцијата.

Во наредниот период се очекува во Британија дневно да се произведуваат 25 илјади вакви тестови.

Коронавирус