среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 34
home Вести

Д-р.Дуковски: Власта потфрли по сите параметри во борбата против корона

Д-р.Дуковски: Власта потфрли по сите параметри во борбата против корона

Македонија целосно потфрли во справувањето со корона вирусот, истакна денес д-р. Душко Дуковски.

Тој посочи дека надлежните потфрлија по основ на сите параметри меѓу кои ефикасноста на спроведени мерки, откривањето на заразени и бројката на спроведените тестирања.

-Македонија е со најлоши резултати во регионот, но и во светот, во борбата против Ковид-19. Имаме најмногу заболени на милион жители, имаме најмногу починати на милион жители. Од ден на ден се зголемува и бројката на новозаболени медицински лица. Површноста на надлежните не доведе во оваа ситуација. Дополнително, не убедуваат вирусот слабее, се е под контрола, ова е „новата нормалност“. Нормалност е кога постои контрола врз епидемијата, и кога има стратегија за справување со корона вирусот, тогаш можеме да кажеме дека има нормалност. Да потсетиме, тоа што го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати дневно, денес има троцифрени бројки на новозаразени и дуплиран е бројот на починати, нагласу Дуковски.

Според докторот цената на површноста и неспособноста е голема, здравјето на граѓаните е приоритет, а одговорност мора да има.

Локални избори 2021