вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 34
home Вести

Д-р Докиќ: Дебелината беше главен ризик фактор кај младите што починаа од Ковид-19

Д-р Докиќ: Дебелината беше главен ризик фактор кај младите што починаа од Ковид-19

Зголемената телесна тежина беше главен ризик фактор за смрност кај помладите пациенти кои ја загубија битката со Ковид 19, истакна пулмологот Дејан Докиќ во интервју за Сител. Според него, смртноста кај било кој од пациентите, зависи од нивниот имунолошки одговор и нивниот имунолошки систем.

-Од 24-ти октомври до 24-ти април, 80 проценти од вкупното население, од сите позитивни случаи, се токму во овој период, што говори за силината и јачината на вториот бран. 70 проценти од сите смртни случаи од корона, од 24-ти април, исто така се должат на вториот бран, вели Докиќ, додавајќи дека со британскиот сој, шансите за заразување биле од 40 до 70 проценти поголеми.

За тоа зошто многу млади лица починаа од коронавирусот, Докиќ истакнува дека секој од нас не знаеме каков имунолошки систем крие.

„Не е нешто што можете рутински да го испитате, со земање на крв и дали вие сте отпорни кој некои вируси или бактерии. Kај младите што починаа, гојазноста или обезноста, беше една од факторите кои што укажаа дека е ризик фактор“, вели пулмологот.

Коронавирус