понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 133
home Вести

Д-р Димитров по повод светскиот ден на здравјето: Драги колеги, внимавајте на Вашето здравје во вашата професионална работа, вие сте чувари на здравјето

Д-р Димитров по повод светскиот ден на здравјето: Драги колеги, внимавајте на Вашето здравје во вашата професионална работа, вие сте чувари на здравјето

Почитувани колешки и колеги, дами и господа
Денес е 7-ми април интернационален ден на здравјето
За жал славењето и честитките околу овој наш празник е покриен со мрачниот вел на Пандемијата COVID 19 и Македонското лекарско друштво кое влегува во 76 година на своето постоење мораше да ги модифицира своите задачи и дејности. Со инсталацијата на модерното Веб студио минатата година се прејде на он-лајн континуирана медицинска едукација и покрај многуте стручни состаноци, вебинари беше одржан и 20-от Конгрес на Македонското Лекарско Друштво он-лајн со повеќе од 800 учесници кој е единствен во историјата на државата.

Добитници на Повелбата Трифун Пановски највисокта професионална награда која ја доделува Македонското лекарско друштво се :

Проф. д-р Јасна Богданска
Проф . д-р Елена Трајковска Докиќ
Проф. д-р Сашко Јовев
Прим. Д-р Гордана Кузмановска
Прим. Д-р Елизабета Зафировска

А специјалната награда од Македонското лекарско друштво ја добива Македонското Здружение на инфектолози за секој поединец инфектолог како првите борбени столбови во пандемијата со COVID 19.

Македонското лекарско друштво им оддава голема почит и благодарност на сите лекари и здравствен персонал кои се вклучени во борбата со COVID 19 и нашата порака и молба до Вас драги Колешки и Колеги, продолжете да вложувате надчовечки напори во борбата против пандемијата , внимавајте на Вашето здравје и на вашите најблиски во вашата професионална работа бидејќи вие сте чувари на здравјето на секој поединец во нашата држава.

Ви благодарам
Проф. д-р Горан Димитров
Претседател на Македонското лекарско друштво

Коронавирус