вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 79
home Вести

Д-р Даниловски: Да ги затвориме границите, мораме да се штитиме од новиот сој „омикрон“

Д-р Даниловски: Да ги затвориме границите, мораме да се штитиме од новиот сој „омикрон“

И Македонија треба да преземе нови мерки поради новиот сој на коронавирусот наречен „омикрон“, да ја ограничи работата на клубовите и кафеаните и да ги затвори границите на неколку недели за да се успори инвазијата на новата варијанта, вели епидемиологот проф.-д-р Драган Даниловски во изјава за Канал 5.

Тој вели дека овој сој нема да можеме да го спречиме да влезе и кај нас бидејќи премногу брзо се шири, но со мерките би добиле на време за да дознаеме повеќе за него.

„Сега веќе повторно доаѓа предвид повторно строго да се инсистира на маски и на растојание во затворен простор… кафеаните и клубовите, ако се влоши епидемиолошката ситуација, доаѓа предвид и да се затворат, но мислам дека засега е доволно да се направат ограничувања на бројот на гостите“, вели епидемиологот.

Според Д-р Даниловски, Македонија треба да го следи примерот на Израел. Оваа земја ги запре воздушните линии и наложи карантин за своите државјани кои ќе влезат во Израел, а во следните две недели нема воопшто да пушта странци во земјата.

Коронавирус