сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Д-Р Чибишев од Токсикологија ги објаснува штетните ефекти од истечениот во ОХИС „метил акрилат мономер“

Д-Р Чибишев од Токсикологија ги објаснува штетните ефекти од истечениот во ОХИС „метил акрилат мономер“

Според достапните информации во фабриката ОХИС дошло до излевање на МЕТИЛ АКРИЛАТ МОНОМЕР, хемиска супстанција која се употребува во хемиската индустрија. Во недостаток на официјални информации дадени од официјални државни институции во тек на денот се изнаслушавме бројни шпекулации.

Метил акрилатот е токсична супстанција која при директен контакт со кожата може да предизвика тешки оштетувања и повреди на истата.
При експозиција на пареи од метил акрилат доаѓа до иритација на очната слузокожа и појава на чешање и солзење на очите а при поголеми концентрации може да дојде и до оштетување на видот.

При контакт со пареи од метил акрилат, во зависност од времето на експозиција односно изложеност и неговата концентрација, може да дојде до полесни или потешки нарушување на респираторниот ситем проследен со печење во грлото и градите, кашлица, отежанато дишење, а при поголеми концентрации може да настане оток на белите дробови (токсичен белодробен едем) која е потенцијално смртносна компликација.

Неповолното дејство на зголемена концентрација на пареи на метил акрилет на централниот нервен систем може да предизвикапроследен грчеви (конвулзии), летаргија и нарушување на свеста.

При манипулација со метил акрилат задолжително се носат заштитини средства (заштитна облека и маски), а првично при хаварија се врши евакуација на населението во радиус од 50 метри од местото на хаваријата.

При хаварија од потежок степен се врши евакулација во радиус од 800 метри до 1000 метри и се превземаат итни мерки за деконтаминација.
Се уште немаме информација за колкава количина на ослободен метил акрилат се работи и колкава е концентрацијата на метил акрилат во воздух.

Фејсбук статус на Д-р Андон Чибишев

Коронавирус