петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 49
home Вести

Д-р Чибишев: Имавте илјадници евра за дресирање магариња и за послушниците од СЈО, на матичните им фрлате трошки!

Д-р Чибишев: Имавте илјадници евра за дресирање магариња и за послушниците од СЈО, на матичните им фрлате трошки!

Повторно мерка од Владата со која на најбезобразен начин се подценува достоинството на матичните и докторите од примарна здравствена заштита. Ќе добивале 30 денари (и со букви – триесет денари) за секој пациент кој ќе го убедат да се имунизира. Како не ви срам и жал, бре непрокопсани, вака да си играте со чувствата и професионалниот интегритет на докторите. Им фрлате трошки и очекувате да се радуваат, вели доктор Андон Чибишев.

-Ама, затоа имате илјадници евра за вашите послушници во пропаднатото СЈО, имате пари за дресирање магариња, купување бифтеци, ф,стаци, бадеми и најново како прочитав за популаризација за некаква пица која правела од пред новата ера. Поддршка и респект за моите колеги, додава Чибишев.

Коронавирус