петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Д-р Атанасовски: Вирусот не е ослабен, Комисијата за заразни болести да не бега од одговорност

Д-р Атанасовски: Вирусот не е ослабен, Комисијата за заразни болести да не бега од одговорност

Не би се сложил дека вирусот е ослабен, гледајќи ги пациентите кои се хоспитализирани. Голем дел се на респиратори кај нас во “8 Септември“ со тешки клинички слики, со бронхопневмонии, изјави доктор Петар Атанасовски во Отворено студио на Телевизија 24.

Атанасовски вели дека за зголемениот број на новозаразени одговорноста треба да се бара на повеќе места, но и кај Комисијата за заразни болести, бидејќи целата државна политика на борбата со вирусот се водеше по нивните препораки и тие не треба да бегаат од вината.

-Некогаш некои мерки беа прерано донесени, некои беа предоцна донесени. За одговорноста на доктор Караџовски, тоа е негова лична работа и неговото однесување, сепак мислам дека целата политика на борбата со коронавирусот се базирање на одлуките и препораките на Комисијата за заразни болести. Така да, префрлање на вина дека тие даваат препораки, а владата одлучува тоа е сега во последниот момент кога дадоа препорака за полициски час од 22 часот до 5 наутро, и не се донесе. Мислам дека сите препораки беа донесени, потенцираше Атанасовски.

Според него, таму е одговорноста, бидејќи и самиот како семеен доктор и невролог со долгогодишно искуство не би се нафатил да биде член во таа комисија бидејќи неговото исксуство за вирусологијата и ширењето на болеста е минимално, што би рекол дека е исто или помало знаењето на членовите во комисијата.

-Комисијата за заразни болести, го знаеме нејзиниот состав, тој е од доктори кои се директори на одредени клиники, кои се сомневам дека имале некогаш контакт со ваква патологија како што е вирусот Ковид-19. Искрено јас како специјалист невролог и како специјалист доктор по семејна медицина не би се нафатил да бидам дел од таа комисија покрај еминентни стручњаци како професорот Пановски, професорот Даниловски, професорката Весна Велиќ Стефановска, врвни епидемиолози и инфектолози како Вело Марковски, професорот Миленковиќ и други да не ги набројувам, кои по мое мислење требаше да влезат во таа комисија за заразни болести. Со добра обработка на податоците, добра епидемиолошка обработка да постават одредени и правилни мерки, истакна Атанасовски.

Коронавирус