четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 190
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Д-р Аристидис: Епидемијата која ја уништува Македонија…

Д-р Аристидис:  Епидемијата која ја уништува Македонија…

Погледнете ја епидемијава во Република Македонија…

1.Каков исходот од болеста?

2.Kаква е штетата од болеста?

3. Импресиите од владата?

Одговорот за сите три точки е поразителен, бидејки самиот пристап на ВЛАДАТА е КАПИТАЛИСТИЧКИ. Зошто?

Одговорот е: Затоа што здравјето на Македонскиот народ е ставен на второ место, а на прво место е ставен профитот, профитерството во високите редови на социјал-демократскиoт сојуз.

Низата на големи свесни кардинални грешки во здравството, без грижа на совест и незаинтересираност, кои доведоа до пораст на загрозување на медицинскиот персонал, изложувањето на медицинскиот персонал на болести и ставање во ризик и опасност, најпрвин на ударно место се медицинските сестри во прв ред и докторите во јавните здравствени установи како два битни столба. Исто така тука се и останатите вработени во Јавните здравствени установи, како што се економистите, правниците, референтите, болничарите и останатиот кадар, кои истите претставуваат луѓе, и се родители, сопрузи, мајки , татковци, кои се изложени на голем здравствен ризик, кој во прв случај несоодветниот однос, спротивен на оној од Хипократовата заклетва, е хулиганскиот пристап на директорката на клиниката за кожни болести во склоп на Клиничкиот Центар ,,Мајка Тереза во Скопје, која истата е поставена од овие високи редови на социјал-демократскиот сојуз, кој претставува и е еден ГОЛЕМ ДОКАЗ да види и да се увери Македонскиот народ, дека нашето здравје е ставено на петто место, а на прво место е ставен профитот како нивен ГОЛЕМ ТРОФЕЈ во владеачката гарнитура ДУИ-СДС.

Закаснетите информации, рестрикции, мобилизиранос, и севкупниот недоволен и слаб менаџмент од раководството на министерството за здравсто, кое дели две гранки од кои, на една страна Републичкиот завод за здравствена заштита на Република Македонија, односно денешен преименуван Институт за јавното здравје на Република Северна Македонија, кој е главен и одговорен уредник за оваа настаната психоза на Македонскиот народ, несоодветниот менаџмент од раководството на истата оваа институција која претставува и е единствена главна матична структура на сите јавно здравствени центри на територијата на цела Македонија, во сите градови, на кои им потребен и неопходен медицински третман на населението во Битола, Охрид, Прилеп, Велес, Струмица, Куманово, Крива паланка, Св. Николе, Тетово, Гостивар, Демир Капија, Кратово, Неготино, Кавадарци, Берово, Виница, Делчево , Кочани, Македонска каменица, Македонски Брод, Штип, Дебар, Кичево, Ресен, Струга, Валандово, Радовиш, Гевгелија, Валандово и сите оние рурални средини во сите градови на територија на Република Македонија, кое резултира со недоволен медицински материјал на заштитни маски и реагенси за земање на брисеви како и останати медицински препарати. Од друга страна, втората гранка од редовите на Министерството за здравство, како најбитен столб за заштита на здравствените работници е Државниот, санитарен и здравствен инспекторат, кој никогаш не дал стратегиски, конструктивен и прецизен одговор во последните 2 години за случувањата со Корона вирусот во здравствените установи, но не само со корона вирусот, туку ако добро се секавате и за останатите епидемии во минатото, како што беа морбилите во болниците и градинките, каде што настрадаа голем дел од медицинскиот персонал и голем дел од децата на возраст до 6 години, па дури и родителите.

Сите овие три главни менаџерски структури, Министерството за здравство, Институтот за Јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат го претставуваат СТОЛБОТ на здравјето и заштитата на целото население во Република Македонија од разни болести пандемии и епидемии, каде што ДЕНЕС, видно гледаме дека ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА ПОПУЛАЦИЈА на Република Македонија е оставена на цедило, односно на СЕЛФ-МЕНАЏМЕНТ!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук д-р Дарко Аристидис.

ЕПИДЕМИЈАТА КОЈА ЈА УНИШТУВА МАКЕДОНИЈАПогледнете ја епидемијава во Република Македонија… 1.Каков исходот од…

Gepostet von Darko Aris am Dienstag, 21. April 2020

Парламентарни избори 2020