сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 76
home Вести

Цветковски: СДСМ продолжува со погaзување и пoтчинување на македонскиот земјоделец

Цветковски: СДСМ продолжува со погaзување и пoтчинување на македонскиот земјоделец

Гоце Цветковски, Претседател на Работничко земјоделска партија, во интервју за КУРИР ги посочува најголемите проблеми на македонскиот земјоделец.

Тој оценува дека власта покажа сериозна негрижа за земјоделците кои се оставени самите на себе и без никаква помош.

Пред доаѓањето на власт, СДСМ на чело со Зоран Заев им ветуваше многу на земјоделците. Но, општата слика говори дека земјоделците се оставени самите на себе и дека од оваа Влада не добиваат речиси никаква помош.  Се согласувате ли со овој впечаток?

Впечатокот навистина е тој. Откако актуелната власт во Македонија се „прослави“ со решавање меѓудржавни спорови на начин по кој сега ни се смее целиот свет, по патот на нејзината натамошна бламажа се најдоа нови предизвици. Дури и ако ги заборавиме сите случувања од последните години, пак не можеме да не се запрашаме: како е можно во услови на незапаметена здравствена криза, проследена со економска криза со разорни последици, во Македонија да имаме една демагошка Влада која не мисли на ништо друго освен на себе и својата удобност?

Што добија оние Македонци кои не толку одамна поверуваа дека „нема промена на уставното име“? Токму спротивното, проследено со постојано чувство на огорченост и срам кај сите. А што добија нашите почитувани сограѓани, припадниците на различните национални заедници во Македонија, кои поверуваа во создавањето на „едно општество за сите“? Повторно токму спротивното: влада создадена на бинационален принцип. Принцип кој за жал без престанок се пресликува во сите сфери на општественото живеење, и од кој само привремена лична корист можат да имаат корумпираните владеачки структури. И никој друг, а најмалку чесните граѓани, работници и земјоделци од сите заедници кои се оставени самите на себе и без никаква помош.

Која е најголемата мака со која во моментов се соочува македонскиот земјоделец?

Намалено производство, ниски откупни цени, закани и уцени, неконкурентно производство, нередовни, селективни и скратени субвенции – то асе проблемите кои долго време се провлекуваат и со кои се соочуваат секојдневно земјоделците.

Работничката земјоделска партија е верен партнер на земјоделците и вие ги знаете сите нивни препреки. Ако треба да издвоите неколку, кои се приоритетни проекти и мерки кои треба да се превземат за да им се помогне?

Работничко земјоделската партија, како верен партнер на земјоделците, иднината ја гледа во можноста на земјоделецот да работи и заработи за себе, за своите блиски и за целата наша заедница. Значи побогати земјоделци за посреќно село, посреќен град и посреќна Македонија како место за живеење.

Во овие денешни услови на пандемија стопанството во Р. Македонија е во вртоглав пад од аспект на производството, потрошувачката, нарачките од домашните и од странските пазари, како и поради најавите заможноста да поскапат репроматеријалите без кои е незамисливо земјоделието.Родот на градинарите останува по нивите, сточарите се соочуваат со проблеми со пласманот, ново овој период во најнезавидна состојба се повторно лозарите.

Винариите наместо да имаат коректен однос кон своите партнери – земјоделците, тие продолжуваат со навредливо мизерни откупни цени на винското грозје како и за асталското грозје каде што земјоделците се уценувани од трговците прекупци и немаат никаква помош од државата да ги заштити и да ја елиминира зелената мафија.Затоа во вакваконстелација под итно е потребен организиран државен откуп – државата да го откупи грозјето кое што останува неоткупено, по цена која е достоинствена за трудот на земјоделецот.

Каква политика кон земјоделците водеше ВМРО-ДПМНЕ? Кои се најголемите разлики ако ги споредиме со мерките во земјоделието за време на власта на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ политиката кон земјоделците ја темелеше и ја темели искрено и без предрасуди.Трудот на земјоделецот се вреднуваше, во секој сектор растеше извозот на сезонските земјоделски производи, на нагорна линија беа откупните цени, и како најбитно големпроцент од финансиите се одвојуваше и насочуваше во инвестиции во руралнатаинфраструктура, коисе значајни бидејќи намената на истите значи подобрување на условите за живот во руралните средини, како и создавање поволна средина за економски развој и отварање нови работни места како и корегирање на регионалниот диспаритет како придонес во процесот на намалување на отселувањето од руралните области каде што земјоделецот работи и твори за себе, својата фамилија и Р. Македонија.

За жал денес Р. Македонија има криминализирано општество преполно со неправди, корупција и недоследности. Оваа влада предводена од СДСМ не е влада која ќе направи чуда, ниту пак ќе може да ги реши проблемите напластени со години на стагнација, туку ќе продолжи и продолжува со погaзување и пoтчинување на македонскиот земјоделец како стил во водењето на погyбните политики.

 

 

Коронавирус