понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 52
home Вести

Цветковски до Мицкоски: Го следевте ли предлогот на Пендаровски за лидерска? Мицкоски: Не, па нели тој е неискусен

Цветковски до Мицкоски: Го следевте ли предлогот на Пендаровски за лидерска? Мицкоски: Не, па нели тој е неискусен

Вечерва во емисијата Клик Плус каде гоштуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прашање на водителот што мисли тој за изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски за Германски Дојче Веле во контекст на лидерската, Мицкоски одговри дека не го следел бидејќи тој разбрал дека претседателот на државата е неискусен политичар и не знае дали неговите ставови се релевантни.

-Не го следам бидејќи јас како што разбрав тој е неискусен политичар и не знам сега неговите ставови колку треба да се следат и дали се релевантни, бидејќи јас разбрав дека тој што до вчера го тераше македонскиот народ да го гласа Стево Пендаровски, за него рече дека е неискусен политичар. Сега навистина да бидам искрен, шегата на страна, не сум го следел што кажал за лидерската средба, нагласи Мицкоски.

Коронавирус