петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Вести

Цветковски: Богдановиќ не ги оправда очекувањата на центарци

Цветковски: Богдановиќ не ги оправда очекувањата на центарци

Во моментот се наоѓаме кај детското игралиште кое е сместено во близина на Зелениот пазар во Центарот на градот, вели Никола Цветковски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Како што можете да видите зад мене игралиштето е руинирано и младите не можат да ги користат искршените реквизити. Ова само покажува дека градоначалникот Богдановиќ е на “Прав пат” во исполнувањето на своето ветено спрема жителите на општина Центар. Ваквата жална глетка не е ништо ново  за игралиштето на општина Центар. По едно вакво “модерно” игралиште си имаме во секое маало, игралиште каде што младите родителите можат без грижно да го користат. Ова е еден вистински пример за тоа како еден градоначалник треба да работи, вели Цветковски.

Поради ова го охрабруваме градоначалникот Богдановиќ да продолжи вака “успешно” да ја реализира својата програма и ветеното спрема Центарци, додава тој.