понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Цветановски: Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците се на штета на сите граѓани на Македонија

Цветановски: Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците се на штета на сите граѓани на Македонија

Гостин во емисијата „Без Ракавици“ со Драко Јаневски беше научниот советник, професор д-р Гоце Цветановски и професор д-р по историја Михајло Миновски. Во емисијата се дебатираше за Македонија како Бугарско- Албанска федерација односно за актуелниот Договорот за добрососедство со Бугарија  и Законот за јазиците кои беа усвоени од страна на Собранието без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Цветановски како лингвист има издадено многу научни трудови за постоењето на македонскиот јазик и македонските дијалекти. Тој истакна дека со потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија се негира постоењето на македонскиот народ пред 1944 година и македонскиот јазик со што значи бришење на македонската историја, јазик и нација.

-Постои во лингвистиката македонска теорија за потеклото на првиот пишан словенски јазик а тоа е старословенскиот јазик. Што треба ние како лингвисти? Сами себе да се негираме или да ги негираме странците коишто пишувале уште многу одамна дека основата за старословенски јазик се наоѓа во македонските дијалекти, поточно во околината на Солун и солунско. Што треба ние како лингвисти сега сами да си ги поткопаме темелите ?  Мислам дека вакви небулозни работи се случуваат само на недозреани луѓе и воопшто како нација недозреани. Навистина можеби звучи пресурово ова мое искажување но реалноста е таква .Констатацијата дека историјата на македонскиот народ започнува од  44 па наваму навистина не води во една линија, истакна Цветановски.

Тој потенцираше дека дел од македонистите може да прифатат и да се согласат да работат на таа линија, а пак дел од нив да прифат една друга научна вистина која е раширена во светот дека постои македонски народ, нација, држава и јазик. Цветановски додаде дека Договорот за добрососедство и Законот за употреба на јазиците е на штета на сите граѓани во Македонија без разлика на етноста.

-И договорот за добрососедство и пријателство и другото односно Законот за употреба на јазиците се пред се на штета на сите граѓани на Република Македонија. Овде не ги одвојувам по етност туку напротив, сметам дека се на штета на сите граѓани на Република Македонија и ќе кажам дека прво економски, тоа е голем товар за секој граѓанин бидејќи за да се спроведе и законот и договорот потребни се средства за да се формираат Комисиите кои што ќе работат треба сетоа тоа да биде издржано финансиски, рече Цветановски.

Коронавирус