сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 72
home Вести

Цуклев побара точката 18 предлог закон за изменување и дополнување на законот за финансиска поддршка на инвестиции да се симне од дневен ред

Цуклев побара точката 18 предлог закон за изменување и дополнување на законот за финансиска поддршка на инвестиции да се симне од дневен ред

Драган Цуклев, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ посочи дека стана вообичаена пракса да се носат закони по брза постапка без консултација на опозицијата.

Барам точката 18 од предложениот дневен ред предлог закон за изменување и дополнување на законот за финансиска поддршка на инвестиции да се симне од дневен ред, истакна Цуклев.

Цуклев појасни дека стана вообичаена пракса во периоди кога во фокусот на јавноста се одредени политички теми на мала врата во ова Собрание да се протнуваат по скратена постапка закони кои што имаат фискални импликации од неколку 10сетици милиони евра.

Законот за финансиска поддршка и инвестиции беше донесен минатата година, немавме никакви докази за досегашната примена на законот ниту колкав е износот е поделен по индустриски или стопански гранки. Немаме никакви показатели, но сега по скратена постапка се предлага измени на овој закон со кој што се укинуваат кај сите критериуми и останува единствен критериум вкупен приход кој никако не може да биде критериум за успешноста на компаниите, како и за успешноста на македонската економија, нагласи Цуклев.

Коронавирус