понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 18
home Вести

Цуклев до СДСМ: Каква додадена вредност ќе донесе личната потрошувачка врз економскиот раст е голем знак прашалник

Цуклев до СДСМ: Каква додадена вредност ќе донесе личната потрошувачка врз економскиот раст е голем знак прашалник

Личната потрошувачка како столб на економскиот раст, тоа би било во ред доколку Република Македонија е некој пазар не знам од 10-тици милиони потрошувачи и нешто повеќе. А, во пазарот помалку од два милиони потрошувачи не може личната потрошувачка да биде столб на економскиот раст. И од прилика знаеме дека најголем дел од таа потрошувачка се однесува на производи кои што не се со македонско производствено потекло него со производи увезени од страна, појасни Драган Цуклев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансирање и Буџет.

Цуклев образложи дека каква додадена вредност ќе донесе личната потрошувачка врз економскиот раст е голем знак прашалник.

-Особено што растот на личната потрошувачка ќе го базирате на субвенции и раст на платите, на социјална помош, на активни мерки за вработување. Се од Буџетот е субвенционирано. Од друга страна споменувате историски највисоко ниво на активни мерки за вработување, вие можете во Буџетот да предвидите и трикратно, петкратно повеќе. Меѓутоа реалноста е и во таа треба да се погледне во очите, дека пет квартали по ред бруто инвестициите во државава паѓаат. Дека во првиот квартал имаме пад од 11% на бруто инвестициите. На полугодие од 2018 година 10% пад на бруто инвестициите. Во таква ситуација на дезинвестираност каде очекувате да бидат искористени средствата од активните вработувања кога немаме инвестиции нови, кога немаме проширување на економската активност односно отворање на нови капацитети, каде би се вработиле овие луѓе и како ќе ви бидат реализирани средствата во Буџетот, запраша Цуклев.

Коронавирус