петок, 20. мај 2022. Вести денес: 145
home Вести

ЦУК трага по 77 годишно лице – од трлото со овци се упатил кон домот по што му се губи трага

ЦУК трага по 77 годишно лице – од трлото со овци се упатил кон домот по што му се губи трага

На ден 23.01.2022 година во 15.40 часот од ЦУК Битола добиена е информација дека во с. Градешница е исчезнат лице со иницијали Т.Д. (77 години) кој од трлото со овци се упатил кон домот во селото Градешница при што му се губи трагата.

Во текот на денот семејството и соселаните го пребарувале теренот и по безуспешната потрага пријавено е во полициска станица во Општина Новаци и потоа во ЦУК Битола. Веднаш по добивањето на дојавата од ЦУК до Дирекцијата за заштита и спасување е мобилизиран тимот за брз одговор за спасување на планини и се упати кон с. Градешница каде по пристигнувањето започна со пребарување на теренот.

Пребарувањето и покрај ноќното време траеше до утринските часови, поради влошување на времето и снежната виулица потрагата е прекината и тимот се повлече. Лицето не беше пронајдено, а потрагата продолжува.

Најнови вести

Коронавирус