среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 40
home Вести

Цуцуловски: Заев очајнички се обидува поразот со името да го прикаже како победа

Цуцуловски: Заев очајнички се обидува поразот со името да го прикаже како победа

Професорот Љубомир Цуцуловски ја коментира констатацијата на екс-премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, дека е успех тоа што сега на Македонија ѝ се обраќаат со уставното име, за разлика од порано.

– УСПЕХ? Пред некој ден Зоран Заев изјави дека сега, за разлика од порано, ни се обраќале според уставното име. Нормално дека ни се обраќаат според уставното име, бидејќи тогаш уставното име, за разлика од сегашното, беше Република Македонија. Борбата не беше да се променат името и Уставот, туку да се задржат. Неводејќи сметка за ова, Зоран Заев очајнички се обидува поразот да го прикаже како победа. Ако суштината беше во тоа (капитулација), тогаш секоја власт досега можеше да извојува „победа.“ Резултатот од „победата“ е следниов: и покрај промената на името, Уставот и бројните капитулантски отстпаки, и понатаму се наоѓаме таму каде што бевме, меѓутоа во „нешто“ полоша форма – повторно бесрамно и бескрајно коленичење пред вратите на ЕУ и НАТО. И, нормално, посети и ветувања на секакви сурати (можеби и сурогати?), сјатени од целио свет, пишува Цуцуловски на Фејсбук.

Коронавирус