вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 76
home Вести

Цуцуловски: Власта се плаши од начинот на кој го промени името Македонија

Цуцуловски: Власта се плаши од начинот на кој го промени името Македонија

ОД ШТО СЕ ПЛАШАТ? Не се плашат толку од промената („промената“) на името Македонија, туку од начинот на кој тоа го направија. Не се плашат толку од Договорт, потпишан во Новици, колку од начинот на кој тоа го направија. Не се плашат толку од договорот со Бугарија и од сѐ она што со него следи, колку од начинот на кој тоа го направија. Не се плашат толку од прифаќањето на Тиранската платформа, која со себе повлече двојазичност на целата државна територија на Република Македонија, колку од начинот на кој тоа го направија. Ниту, пак, се плашат од тоа што беа (и се!) на власт, колку од начинот на кој дојдоа на власт. Некои нешта се забораваат/минуваат, како никогаш и да не биле. Меѓутоа, некои нешта не се забораваат – не заради тоа што некој треба да се казни, туку заради наук. Заради наук, кој е потребен некои нешта никош повеќе да не се повторат – од кого и да било, напиша на својот Фејсбук профил професрот Љубомир Цуцуловски.

Коронавирус