вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 159
home Вести

Цуцуловски: Видлива е нервозата кај партиските радикали од албанскиот блок поради законот за двојазичност- подот кој сметаа дека е стабилен почнува да се ниша

Цуцуловски: Видлива е нервозата кај партиските радикали од албанскиот блок поради законот за двојазичност- подот кој сметаа дека е стабилен почнува да се ниша

Се зголемува нервозата кај ДУИ од неможноста да се донесе законот за двојазичност. Манифестирана преку нивните партиски, а истовремено и државни функционери, Талат Џафери и Бујар Османи. Законот  за двојазичност не беше донесен поради суспензивното вето на претседателот на државата, кој го врати законот во повторно гласање, додека неговото повторно гласање е оневозможено од страна на над 35.000 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.

Нервозата кај политичарите на ДУИ ја забележал и професорот Љубомир Цуцуловски, кој во својот Фејсбук статус пишува:

-Веќе е видлива нервозата, меѓутоа и нестрпливоста, кај некои партиски радикали од албанскиот блок. Тоа е можен знак дека работите не одат во онаа насока во која очекувале дека ќе одат. Конкретно, во прашање е Законот за јазиците. Бујар Османи, човекот кој цело време се однесуваше како да е ледена маска, без видлива емоција на лицето (налик на легендарниот Бастер Китон) денес бараше (на прес-конференција) да му се преведува на албански јазик и на новинарските прашања да одговара на албански, макар што досега не само што не инсистираше на тоа, туку во јавноста беше и јавен преведувач на Али Ахмети, улога која не е толку достојна за политичар нод тој вид. Неговото денешно однесување може да значи (макар не е нужно) дека подот, за кој сметал дека е сосема стабилен, почнува да се ниша.

Цуцуловски продолжува  со својот фејсбук статус, каде пишува дека истата нервоза  е видлива и кај Талат Џафери, кој како што пишува Цуцуловски, рекол дека бил подготвен да закаже седница на која директно ќе се гласа законот за двојазичност, притоа истиот заборава, пишува Цуцуловски, дека согласно чл.38, ст.3 и 4 од Законот за Собрание на Република Македонија, откако претседателот одлучи да не го потпише указот Собранието повторно го разгледува законот. Дополнувајќи дека по повторно разгледување на законот амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот.

Според тоа Цуцуловски вели:

– Нема што Џафери да сака или да не сака, туку тој мора да го спроведува Законот за Собранието и да дозволи расправа за поднесените амандмани. На овој план, не може да му помогне ни Маргарита Цаца, бидејќи Член 38 (став 3 и 4) е сосема јасен – расправа по амандманите може да има.

Цуцуловски вели дека ваквата нервоза кај  Османи и Џафери се должи на притисокот од ЕИ и НАТО, кои не ги интересира на кој јазик ќе се говори, туку ги интересираат реформите.

– Уште покарактеристична е изјавата на Томислав Тунтев (координатор на пратеничката група на СДСМ) дека „Пратеничката група на СДСМ и коалицијата му дава шанса на д и ј а л о г о т. Веруваме дека само преку разговори, со коалициските партнери и со о п о з и ц и ј а т а, може да се изнајде решение. Очекуваме дека сите ќе ја препознаат важноста на моментот и ќе препознаат дека е неопходен дијалог во интерес на р е ф о р м и т е, кои се неопходни и услов за нашиот интегративен пат во ЕУ и НАТО.“ Пишува Цуцуловски.

Нервозата што се манифестира кај албанските радикали говори дека постепено продира свеста (но, и совеста!) кај некои пратеници и политичари дека во името на интересот на одредени партии, или коалиции, не може сѐ да отиде јабана; дека ништо во овој свет не постои само за себе, само по себе и единствено за постоечкиот минлив момент, туку дека треба да се има свест за минатото, за сегашноста и (особено!) за иднината. Што значи, за целината, го завршува Цуцуловски својот статус.

Коронавирус