сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 30
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Вести

Цуцуловски: Нека не се трудат дворските толкувачи да ја ублажат изјавата на Заев за преименувањето на училиштата

Цуцуловски: Нека не се трудат дворските толкувачи да ја ублажат изјавата на Заев за преименувањето на училиштата

Професорот Љубомир Цуцуловски порачува дека залудни се обидите да се ублажат или демантираат изјавите на Зоран Заев поврзана со преименувањето на училиштата.

„ВЕЌЕ ОДАМНА… Веќе одамна не постои причина тоа што ќе го изјави некој македонски политичар, накнадно да се демантира, да се објаснува или дообјаснува, бидејќи граѓаните одамнаа научија изјавите да ги објаснуваат обратно/спротивно од кажанато. Ако кажале „Да“, значи мислеле „Не“; ако мислеле „Не“, кажале „Да.“ Ова го потврдува вчерашната изјава на Заев, поврзана со преименувањето на училиштата „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов.“

Нека не се трудат ниту тие, ниту нивните дворски егзегети/толкувачи да објаснуваат што изјавувачот сакал да изјави. Така ќе се заштеди на време, на медиумски простор и на вишокот вработени егзегети/толкувачи, како непотребен буџетски баласт. Башка, според бугарските историчари/политичари, тие биле Бугари. Тогаш, што ќе ни се? И, зарем за нив ќе ги нарушуваме добрите односи со соседната држава? П.С. Кој рече дека ништо не е случајно? Срам да му е!“-напиша тој на својот Фејсбук профил.

Коронавирус