четврток, 5. август 2021. Вести денес: 53
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Цуцуловски: Македонија по три години од договорот со Грција не доби ништо, ама го загуби името и сега има блокада од Бугарија за ЕУ

Цуцуловски: Македонија по три години од договорот со Грција не доби ништо, ама го загуби името и сега има блокада од Бугарија за ЕУ

Мислам дека Македонија е во бездна, но според сите информации кои ги знае секој граѓанин говорат дека ова што се случува во земјава само се продлабочува. Ситуацијата во Македонија е се полоша, рече аналитичарот Љубомир Цуцуловски на гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа, коментирајќи ја состојбата во земјава и полседната ситуација со блокадата од Бугарија за старт на преговори за Македонија со ЕУ.

„Се знаат работите, но се прикрива. Потоа има неверојатна фрустрираност кај бугарските интелектуалци, значи не говорам за бугарскиот народ. Кај голем дел од бугарските политичари, историчаи и интелектуалци воопшто постои исфрустрираност меѓу претставата и она што се реално. Ова е еден од одговорите на ситуацијата со Бугарија“, вели Цуцуловски.

Професорот се осврна и на три години по Договорот со Грција.

„Македонија доби една голема клоца и пак е таму кај што беше, само без име или е и полошо. Мене ми е важно градење на земјата, потоа следи дали ќе влеземе во ЕУ. Важно е да ги има вредностите. Договорот не оддалечи од Европа, и го загубивме името“, кажа професорот.

Според него она што го говорат од Владата „Македонија испорача е лош термин“.

„Тоа е поштарски термин кога нешто се дава, спакувано и тоа не е добро ниту да се зборува кога станува збор за политика“, рече Цуцуловски.    

Коронавирус