сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 24
home Вести

Цуцуловски: Имаме зараза на непотизам која се повеќе и повеќе се шири

Цуцуловски: Имаме зараза на непотизам која се повеќе и повеќе се шири

Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, вечерва гостуваше во емисија „Отворено на Алфа“ каде што говореше за непотизмот кој, како што кажа, се шири секојдневно како зараза во државата.

-Непотизмот е вработување на кои им се блиски не мора да се по крвна линија, со една додавка доколку не ги исполнуваат условите. А, кај нас имаме и едното и другото, рече Цуцуловски.

Цуцуловски посочи дека може да каже слободно дека навистина има зараза на непотизам која се повеќе и повеќе се шири, бидејќи имаме вработувања на блиски вклучувајќи и пријатели, а кои истовремено не ги исполнуваат елементарните услови кои ги бара одредено работно место или одредена општествена или друга функција.

-А, непотизмот станува разбирлив со тоа што има општа невработеност и секој гледа по својот близок да го ухлеби некаде. Но од разбирливоста на ситуацијата не следи и нејзино оправдување. Јас можам да разберам зошто постои непотизам, затоа што постои општа невработеност, и секој сака својот некаде да го смести или да го ухлеби. Но објаснување не значи и оправдување. Тоа не е морално, посочи Цуцуловски.

Цуцуловски објасни дека моралот вели дека во ситуација кога има повеќе конкуренти и кои имаат слични резултати предност има тој што не е близок на некому од таа институција. -Можеби не е праведно, но така се зачувува моралната чистота.

Коронавирус