Знам дека имате многу причини за незадоволство од функционирањето на актуелната власт. Знам дека имате уште повеќе причини за незадоволство од функционирањето на сите досегашни власти, вели екс-лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
-Но односот кон политичарите и политичките партии се искажува на избори. На 30-ти септември е нешто сосема друго. На овој референдум ќе се одлучува, не кој ќе владее, туку кој пат кон иднината како држава ќе го избереме, истакна тој.
loading...