сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Црвениот крст на Македонија отвори телефонски линии за донации за Бејрут

Црвениот крст на Македонија отвори телефонски линии за донации за Бејрут

Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население во Бејрут, главниот град на Либан, по силната експлозија на пристаништето.

Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на:
-Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либан.
-како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400.

Средствата можат да се донираат од 07.08.2020 до 20.08.2020 година и истите ќе бидат префрлени на Црвен крст Либан за настраданото население во Бејрут.

Црвениот крст изразува длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.

Коронавирус