вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Црвен крст поставува пунктови за вода за справување со жештините

Црвен крст поставува пунктови за вода за справување со жештините

Црвениот крст на град Скопје ќе започне со теренски активности во насока на справување со најавени топлински бранови. Мобилните екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе патролираат низ градот Скопје и тоа во централното градско подрачје како и поголемите автобуски постојки каде ќе дистрибуират вода.

Од денес, па до петок, мобилните тимови ќе бидат на терен  во периодот од  10 часот наутро до 18 часот. За ваквите активности ќе бидат ангажирание 12 волонтери поделени во 4 тима, кои ќе дистрибуираат планирани 400 литри вода на дневна основа.

„Со оние активности ќе се вклучиме во делот заштита на здравјето на граѓаните од нашиот град, спосебен акцент на превентивните активности и теренска активност на обучени волонтери од Тимот за одгoвор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје почитувајќи ги препоракиоте за заштита од ковид19 во овој период“, велат од  Црвениот крст.

Коронавирус