понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Црвен крст ќе додели волонтерски награди за посебни достигнувања

Црвен крст ќе додели волонтерски награди за посебни достигнувања

По повод 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството, Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска ќе додели волонтерски награди за посебни достигнувања.

-Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира согласно потребите на заедницата. Вредноста која волонтерите ја создаваат и вградуваат во своите активности е „бесценета“, бидејќи поседува особен квалитет кој е збогатен со хуманата димензија на добрата волја, посочуваат од Црвен крст за настанот што ќе се одржи напладне во просториите на Млади Хаб.

Црвениот крст на Република Северна Македонија, традиционално, по повод Светскиот ден на волонтерството организира настан со цел да го истакне значењето на волонтерската активност и дејствувањето во хуманитарни активности.