петок, 23. јули 2021. Вести денес: 10
home Вести

Црногорската влада го отповика почесниот конзул Бранко Азески

Црногорската влада го отповика почесниот конзул Бранко Азески

Црногорската Влада го отповика почесниот конзул Бранко Азески поради обид да ги омаловажи и компромитира највисоките власти во Црна Гора презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата, објави весникот Дан. Азески ги даде неговите последни зборови како почесен конзул на Црна Гора во писмена изјава.

-Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно Уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда,заснована на владеење на правото. Иако независноста на Црна Гора е обновена на 3 јуни 2006 година, со истапувањето од државната заедница со Србија, таа претставува една од најстарите европски држави. На овие простори се простирала латинската провинција Превалис, средновековната држава Зета, а денес современата држава Црна Гора, која претставува своевидна раскрсница на која се испреплетени повеќе историски случувања, народи и култури (илирска, словенска, византиска, турска), како и религии (христијанска и исламска), кои оставиле свои траги до денешен ден. Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна гора и посакувам брз развој и просперитет, ана компаниите поголем профит, вели Азески.

Коронавирус