четврток, 13. август 2020. Вести денес: 119
home Вести

Црна статистика: Коронавирусот зема 341 жртва од Македонија

Црна статистика: Коронавирусот зема 341 жртва од Македонија

Во последните 24 часа починати се 7 лица од коронавирус. Пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.

Коронавирус