вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

ЦРН РЕКОРД: Заев бара избори, а денес 101 ново заболен и четири починати лица

Црн ден денеска повторно бележи нашата земја откако имаме рекордни 101 ново заболен пациент од коронавирус, додека четири лица починаа.
ЦРН РЕКОРД: Заев бара избори, а денес 101 ново заболен и четири починати лица

Наместо да стивнува, како во другите држави, коронавирусот во Македонија зема најголем замав и се движи кон најцрниот биланс.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти и 4 починати. Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75г) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71г) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58г) примен на 30 мај.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2492, бројката на оздравени пациенти е 1605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. Последната дистрибуција по градови е следната:

Скопје 987, активни 396, Куманово 481, активни 66, Дебар 51, активни 0, Штип 111, активни 76, Прилеп 213, активни 30, Тетово 236, активни 82, Струга 90, активни 18, Велес 133, активни 28, Битола 28, активни 3, Охрид 24, активни 7, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 32, активни 11, Гевгелија 4, активни 0, Струмица 4, активни 2, Крива Паланка 6, активни 0, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 41, активни 10,
Пробиштип 5, активни 3, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 2, активни 0,Пехчево 3, активни 0
Берово 1, активни 0, Валандово 2, активни 1, Виница 3, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 2, активни 2, Кичево 3, активни 1, Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 974 теста се преку: ИЈЗ –434, ЦЈЗ Скопје-40, Авицена –88, Биотек -129, Жан Митрев (Филип Втори) –101 , Систина со PCR метода -89 и МАНУ -93. Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

Во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. Од нив 22 се потешко болни и на кислородна поддршка.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 34 пациент. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 26 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

И покрај овие црни бројки претседателот на СДСМ Зоран Заев никако да се откаже од одржување на изборите за кои  вели дека мора да се одржат на 5 јули.

Во последниве неколку денови рапидно расте и бројот на починати лица, додека Заев е убеден дека избори во Македонија мора да има.

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме функционална влада.Нема нови аргументи за нови економски мерки, а со тоа ни оправдување за нова вонредна состојба. Затоа изборите ќе бидат 22 дена по завршување на вонредната состојба, ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во пикот на епидемијата во Македонија.

Според Заев, кој политикантски го набеди министерот Наќе Чулев за напливот на зараза, заборавајќи дека неговата СДСМ тераше и терa кампања меѓу граѓаните и пола влaда е во карантин со дузина заразени од врхушкта на партијата, не постоел никаков уставен и законски момент да се свика Собранието.

„Ризично е веќе и по здравјето и слободата на граѓаните, не може Владата да носи сега закони претпладне, а попладне да ги извршува истите закони“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ стана епидемиолог и вели дека, верувале или не, вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски случаи, но се шири. Тој кажа дека сите нови случаи се од периодот кога имаше полициски час, што, според него, и тоа не е решение.

„Ќе биде јули, секој има време да се подготви. Вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски, но се шири. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така што и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника. Ова ќе трае и на 5 август, и 5 октомври, и 5 јануари, не можеме Владата да ја оставиме вака заради нечии скриени калкулации. Здраво е за државата да има парламент и парламентарна демократија“, рече Заев.

Дали СДСМ на избори ќе оди без ИЕ2 – Цела нивна пратеничка листа од изборната единица 2 во изолација

По обелоденувањето на веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на Ковид 19, сите кандидати за пратеници на владејачката партија во втората изборна единица заминаа во домашна изолација.

Како што велат дел нив од Фокус, после завчерашниот настан во Куманово на кој присуствуваа сите 20 кандидати за пратеници, меѓу кои и Зекири, заминале во домашна изолација по спроведена епидемиолошка анкета или по сопствена иницијатива.

Со оглед на тоа дека целата пратеничка листа на СДСМ е ставена во домашна изолација, а нивниот партиски лидер Зоран Заев инсистира на брзи избори се поставува прашањето дали СДСМ на избори планира да оди без ИЕ2.

И покрај денешниот голем број на новозаболени од Ковид-19, и покрај тоа што вчера регистриран беше најголем број на заболени во Македонија од откривањето на првиот случај, сепак лидерот на СДСМ и покрај ваквата денешна црна статистика, а и во текот на изминатата недела се закани дека повеќе нема попуштање и дека избори ќе имало на 5 јули.

Од друга страна пак, ваквиот став на Зоран Заев денеска речиси и да го премолчеа повеќето партии, освен ДПА, бидејќи Мендух Тачи истакна дека избори треба да има на 5 јули.

Инаку, поради контакт со Зекири и Лукаревска во изолација заминаа повеќе владини функционери.

Кластерот од СДСМ однесе во изолација 75 лица

Партиските состаноци на Бихаќка однесоа во самоизолација околу 75 лица. Кластерот на СДСМ од кој позитивни на Ковид 19 излегоа потпретседателот Мухамед Зекири и директорката на УЈП Сања Лукаревска, во карантин го однесе речиси цело потпретседателство на партијата, лица од високите партиски органи, но и високи функционери во Владата, објавува Телма.

Податоците до кои дојде Телма покажуваат дека препорака за самоизолација од епидемиолозите добиле 33 лица со кои бил во контакт Зекири. Дванаесет лица се од неговото семејство без сопругата и тримесечната ќерка. А по контакт со Зекири во изолација завршија вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска, владиниот советник Марјан Забрчанец, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Во домашен карантин е и директорот на финансиската полиција Арафат Муареми и директорот на агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу. Но и Игор Јанушев од ВМРО- ДПМНЕ по дебатата на ТВ 24 кај новинарката Душица Мрѓа на која присуствуваше Зекири, по партискиот состанок во СДСМ.

Од Лукаревска која вчера објави дека е позитивна на Ковид 19, во изолација завршиле 28 лица. Покрај заменикот во Управата Ремзи Абулахи, во домашен карантин се и советникот во СДСМ и на Спасовски, Фатмир Битиќи. И портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска е во самоизолација, бидејќи имала кратка средба со Лукаревска. Поради контакт со Лукаревска во домашна изолација се многуу вработени во УЈП, нејзини роднини и пријатели.

Битиќи за Телма вели дека во петокот имал состанок со Лукаревска, нема симпртоми и очекува што ќе покаже тестот кој треба да го прави во четврток.

14 пак лица по контактите со Зекири и Лукаревска веднаш се тестираа и имаат препорака за домашна изолација. Негативни тестови добија премиерот во техничката влада Оливер Спасовски,генералниот секретар на СДСМ Лупчо Николовски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, директорот на Службен весник Мартин Костовски, градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски и други.

Од партијата и денеска го повторија вчерашниот ства, дека СДСМ максимално ги почитува здравствените протоколи.

Само еден од петте потпретседатели на СДСМ, Коста Петров не е во самоизолација, а таква препорака доби и Славјанка Петровска, дополнителната заменичката министерка за внатрешни работи, по негативните тестови на Ковид 19.

Мухамед Зекири објави дека најверојано вирусот го добил од неговиот брат кој го посетил за Бајрам. А Лукаревска изјави дека се тестирала на Ковид 19 откако нејзиниот сопартиец Мухамед Зекири објавил дека е заболен. И таа е без симпроми, но не е сигурна на каков начин го добила вирусот. Завчера таа заедно со Спасовски беа во Куманово. На граѓаните им делеа заштитни маски во пакет со изборни флаери, а имаа и блиско разминување без маски. Но, според епидемиолозите, најмногу лица во домашна изолација испратија состаноците во вторникот и четвртокот во седиштето на Бихаќка.