среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 155
home Вести

Црн ден за Тетово и тетовчани: 11 починати од коронавирус

Црн ден за Тетово и тетовчани: 11 починати од коронавирус

Вкупно 21 е денешната бројка на смртни случаи од ковид-19 во земјава, а регистрирани се и 444 новозаразени лица
Висока е и денеска бројката на смртни случаи како последица на ковид-19. Во последните 24 часа, како што соопштија од Министерството за здравство, починале 21 пациент.

Дури 11 од починатите се од Тетово и тие се на возраст од 72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73 години. По двајца починати има во Скопје и во Кавадарци, на возраст од 87 и 65 и на 64 и 59 години.

По еден смртен случај има и во Куманово (75г), Прилеп (84г), Штип (78г), Охрид (69г), Кавадарци (64 и 59г), Кочани (71г) и Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови.

Бројката на новозаразени денеска во Тетово е за малку поголема од бројката на починати. Во овој град денеска се регистрирани 13 нови случаи на ковид-19 од вкупно 444 во земјава во последното деноноќие.

Направени биле 2 518 тестирања. Од позитивните 444, најмногу (209) се повторно во Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти. Од нив 497 се од Скопје, а 49 од Тетово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91 161, бројката на оздравени пациенти е 79 621, на починати е 2 812, а бројот на активни случаи изнесува 8 728.

Во Скопје се активни 4 855 случаи, а во Тетово 326.

Коронавирус