понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 71
home Вести

Ципрас: Имаме договор кој предвидува промени на Уставот, ќе стапи на сила откако другата страна ќе исполни два услови

Ципрас: Имаме договор кој предвидува промени на Уставот, ќе стапи на сила откако другата страна ќе исполни два услови

– Ненадејно дојде решението, ги разбирам тешкотиите кои се присутни по медиумите, веста е добра, постигнавме договор за прашање кое со години не загрижуваше поради разликата со името. Решението ги опфаќа сите услови поставени од страна на грчката страна, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по постигнатиот договор.

Тој потенцираше дека националните црвени линии изминативе две децении се зачувани.

-Решението е ерга омнес, ќе има и уставни промени. Најважно, имаме договор кој предвидува промени на Уставот надвор од името и ирационални референци. Уште поважно, заштитено е историски наследство и наследство на античка Македонија, кое во минатото се обидоа да го присвојат. Договорот предвидува, позитивни случувања, ќе влезе во сила, откако другата страна ќе исполни два услови. Поради тоа ова е добар договор, кој креира позитивен развој за регионот, и сега треба да биде имплементиран од страна на соседите. Вие сте првите кои ги информирам, по лидерите и г-дин Буцис, ќе се одржи посебен состанок за да се информира парламентот задолжена за постигнување на договорот, што е важен историски чекор, рече Ципрас.

Потоа, Ципрас ќе му се обрати на грчкиот народ за деталите од договорот.

Коронавирус