сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 80
home Вести

Ципрас го извести парламентот за Вербалната нота од македонското МНР

Ципрас го извести парламентот за Вербалната нота од македонското МНР

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи на расправата во грчкиот Pарламент, кусо пред гласањето доверба, ги извести пратениците дека Грција ја примила Вербалната нота од македонското МНР во која се соопштува дека се исполнети обврските согласно Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас му се обрати на Мицотакис и рече дека во добиениот текст, „соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава“, односно дека се појаснуваат деловите поврзани со јазикот и државјанството.

-Што појаснуваат нашите соседи во овој текст што е правно обврзувачки и ги повторува обврските што произлегуваат од договорот? Прво, дека терминот  nationality  се однесува исклучиво на државјанството и не го дефинира или сугерира прашањето на националноста. И второ, дека јазикот на нашите соседи, како што е споменато во договорот и е признат на конференцијата на ОН во 1977 година, припаѓа на групата јужнословенски јазици, рече Ципрас.

Грчкиот премиер во неговиот говор му се обрати на лидерот на Нова демократија и му одговори на неговите барања да не го донесе Договорот од Преспа по брза постапка во парламентот, му порача дека ќе има доволно време, иако за конкретното прашање веќе една година се дискутира, а воедно го повика и на ТВ дуел.

-Јас втор пат ве предизвикувам и ве поканувам, дојдете и овде во Парламентот и на еден телевизиски дијалог за Договорот од Преспа, да ни кажете кои се тие аргументи што ги имате, му порача Ципрас на Мицотакис.

МИА

Коронавирус