вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ципрас денеска во официјална посета на Македонија, посебен сообраќаен режим во Скопје

Ципрас денеска во официјална посета на Македонија, посебен сообраќаен режим во Скопје

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Тој е првиот премиер на Грција што ќе ја посети земјава.

Грчкиот премиер за време на посетата на Скопје ќе има разговори со премиерот Зоран Заев. Официјалниот пречек на Ципрас со државни и воени почести ќе биде на платото пред Владата. По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.

Во делегацијата што ќе го придружува Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на десетици големи и средни грчки компании.

Поради посетата на Ципрас денеска од 09:30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Коронавирус