понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 81
home Вести

Циклонот Кармен се доближува до Македонија – земјата влегува во жолта предупредувачка фаза

Циклонот Кармен се доближува до Македонија – земјата влегува во жолта предупредувачка фаза

До крајот на денов ќе се задржи сончево и натпросечно топло време со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен а во останатите предели од југоисточен правец.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 што значи ќе бидат типично летни, но не за долго, информира метеорологот Славчо Попоски. Во текот на утрешниот ден односно особено попладнето и вечерта како и во текот на ноќта кон петок, циклонот Кармен ќе донесе голема промена на времето кај нас.

Попоски предупредува дека облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на редок град. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (околу 30 л.м2). Утре ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец кој доцна попладнето и вечерта на север и Долж Повардарието ќе го промени својот правец во северен со што ќе услови пад на температурите на воздухот најпрвин во овие предели.

Веќе во петок заладувањето ќе се прошири насекаде низ државава проследено со северен ветер а ќе има и локални врнежи од дожд. Утре максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени додека во петок ќе биде многу посвежо со максимални температури во интервалот од 13 до 22 во најтоплите предели од државава.

Коронавирус