недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Циклонот Бојана се доближува кон Македонија

Циклонот Бојана се доближува кон Македонија

Во текот на следните часови ќе започне да се формира најавениот циклон Бојана, облачноста над Македонија ќе започне да се зголемува уште од попладнево па така најпрвин во западните предели ќе започнат врнежите од снег кој во текот на претстојната ноќ ќе се прошират насекаде и поинтензивни ќе бидат во западните и во јужните предели, информира метеорологот Славчо Попоски.

Речиси насекаде ќе се формира снежна покривка а сето ова ќе биде проследено и со засилен северен ветер кој ќе услови појава на снежни наноси.

Наекаде ќе се формира снежна покривка, најголема ќе биде во западните и во јужните предели каде низ градовите ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри, понекаде и повеќе додека на планинските места истата ќе се зголеми за околу 30тина сантиметри, на другите места снежната покривка ќе биде помала, врнежите од снег ќе продолжат и утре а повремено на некои места северниот ветер ќе биде СИЛЕН и ќе достигнува брзина до околу 80 км/час.

Поради многу ниските температури ќе има појава на голомразица па така КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ да бидат пешаците а особено возачите.

Максималните температури утре нагло ќе опаднат и ќе се движат во интервалот од -5 до 2 додека уште постудено ќе биде во петок со максимални температури од -7 до 0 степени додека наутро понекаде истите ќе се спуштат дури до околу -15 степени а на планинските места и под -20 степени.