сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Чулев за скандалот со набавката на пасоши: Следува истрага!

Чулев за скандалот со набавката на пасоши: Следува истрага!

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави итна истрага околу скандалот со набавката за патни исправи, со кои незаконски се отуѓени скоро 20 милиони евра од буџетот.

„Во однос на пишувањата на одредени медиуми за незаконист во постапката за набавка на пасоши, тоа што во моментов можам да потврдам е дека во рамки на Министерството за внатрешни работи во тек е интерна постапка која треба да утврди дали постојат одредени елементи кои укажуваат на можни злоупотреби при набавката на патни исправи. За сите недоследности кои би се утврдиле ќе биде покрената соодветна постапка за што јавноста би биле информирана“, порача министерот Чулев.

„Вечер“ дознава: Корупција од 12,7 милиони евра при НАБАВКА НА ПАСОШИ

Откако на 20 октомври, по лидерската средба кај претседателот Пендаровски, се договорија вонредни парламентарни избори започнува стампедо од корупција, тендери, договори во четири очи без тендери, зголемување на износи кои се претходно веќе договорени на тендер… во владата на Зоран Заев, анализира ВЕЧЕР.

-Вакви има повеќе од педесеттина на разлини нивоа од власта, сетете се како во октомври е избрана фирма ХЕМС која ќе заработи 72 милиони евра државни пари бидејќи ќе дава услуга со два хеликоптери, основана 24 дена пред тендерот со капитал на фирмата од 10.000 евра која заработува 72 милиони евра. Порталот Вечер веќе објави како, надвор од закон, се зголемил износот од 28 на 35 милиони евра за градба на Клиничката болница во Штип и дополнително се поместил рокот за завршување за две години. Еве нов случај, овојпат во МВР за набавка на нови пасоши и други лични документи. Образецот за манипулација е речиси ист како и во случајот со Клиничка болница Штип, а износите се уште погоеми, објави порталот.

Порталот Вечер ја има документацијата од оваа постапка, не е класифицирана како тајна, и ја има приказната како се незаконски отуѓени скоро 20 милиони евра од буџетот.

МВР во мај 2019 година донеле одлука за Јавна набавка – обрасци за лични докумнети, пасоши и слично, за период до 31.12.2019 година. Сомнително е уште од почеток, на Одлуката нема конкретен датум туку наведено е само мај 2019, полето за ден на одлука е празно како што е празно и полето за деловоден број и не е јасно како е воопшто овој документ заведен во архивата на МВР, пишува ВЕЧЕР.

ВЕЧЕР пишува:

Наредниот месец, во јуни 2019 донесена е повторно истата одлука без да се наведе дека претходната од мај е поништена. Во оваа има деловоден број но, повторно нема наведено ден во полето за датум. Следното што упатува на незаконска и манипулативна работа е што во Одлуката која е веќе донесена во Точка 2.2.3 од Одлуката се оставени празни места за тоа од кој до кој сериски број службени и дипломатски пасоши треба да се изработат што дава јасен сигнал дека се планираат манипулации со издавањето на службените и дипломатски пасоши. Ова се потврдува и со тоа што во оваа Одлука за јавна набавка, Точка 2.3. нема наведено број и датум на известување од Министерството за надворешни работи, како што е тоа наведено за известувањата од други надлежни институции. Според содржината, такво известување нема, и одлуката е само со овие два пропусти спорна. Но, не е само тоа.

Во Точка 3.1. од оваа Одлука решено е за таа цел да се издвојат 435.502.410,оо денари плус ДДВ. Ова одговара на износ од 7 милиони евра плус ДДВ за домашни фирми. Одлучено е да се побара понуда од Veridos GMBH, од Минхен. Тоа е правен наследник на нам добро познатата Giescke & Devrient GmBH кои се претходни снабдувачи со пасоши со одлука на претходната влада на СДСМ (2002-2006) и за кои, во 2005-та со месеци се пишуваше за скандал и корупција при тогашната јавна набавка и проневерени 5 милиони евра.

За реализација на одлуката формирана е комисија од 7 члена предводена од Љубица Гудеска и 7 заменици на членовите од комисијата. Но, по се изгледа дека имало проблеми со донесување и спровеување на оваа Одлука за јавна набавка во МВР уште тогаш, па се менуваат 5 члена од вкупно 7 во Комисијата за оваа јавна набавка а од првично формираната комисија остануваат само претседателката на комисијата Љубица Гудеска и Игор Трајковски, а се менуваат и 4 од вкупно 7 заменици на членови на комисијата. Севкупно, сменети се 9 од 14 членови и заменици и, формално, сега има сосема нова комисија, стокмена по избор на шефовите од МВР, која треба да спроведе Одлука донесена од комисија во сосема друг состав. Оваа нова комисија, на 2 октомври 2019, е дефинирана со одлука за измена на Одлуката за јавни набавки на пасоши и слични лични документи.

Целата тема прочитајте ја на ВЕЧЕР

Коронавирус