вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 176
home Вести

Чулев: За мене полициските службеници се херои и така ќе биде и во иднина

Чулев: За мене полициските службеници се херои и така ќе биде и во иднина

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку статус на Фејсбук ја информира јавноста дека денеска во пресрет на Денот на полицијата се снимало видео спот во близина на спортскиот центар Борис Трајковски.

Ја информирам јавноста дека вечерва во близина на спортскиот центар Борис Трајковски се снимаше кратко видео по повод Денот на полицијата, а со кое Министерството за внатрешни работи ќе се заблагодари за придонесот на полициските службеници, здравствените работници, припадниците на армијата и сите други во справување со коронавирусот.
? Не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили, туку за еден мал гест со кој ќе се заблагодариме за нивната секојдневна жртва, ќе се валоризира нивната посветеност во заштита на здравјето на граѓаните, a истовремено ќе се подигне нивниот морал. Воедно, потенцирам дека со денешните активности во ниту еден момент не се нарушени тековните активности на Министерството за внатрешни работи.
‼️ Доколку, некои од моите колеги во Министерството за внатрешни работи ја спори важната улога на полициските службеници во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните го повикувам јавно да го каже тоа.
?️ За мене тие се хероите, така ќе биде и во иднина и тие ги заслужуваат сите наши пофалби и признанија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

❗ Ја информирам јавноста дека вечерва во близина на спортскиот центар Борис Трајковски се снимаше кратко видео по повод…

Gepostet von Наќе Чулев am Montag, 4. Mai 2020

 

Коронавирус