сабота, 28. март 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Чулев во посета на полицајците кои обезбедуваат лица во државен карантин

Чулев во посета на полицајците кои обезбедуваат лица во државен карантин

Денес ги посетив полициските службеници кои ги обезбедуваат лицата кои се сместени во државниот карантин во центарот на Скопје. Карантинот во траење од 14 дена се воведува за сите македонски државјани кои од различни причини не можеле да се вратат во нашата земја. Транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект го врши овластен превозник одреден од страна на Генералниот секретаријат на Владата, а Министерството за внатрешни работи го придржува транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект.

Од страна на полициските службеници бев запознаен со протоколите по кои тие постапуваат со цел да осигурат непречено функционирање согласно препораките од Министерството за здравство и останатите надлежни здравствени установи. Полициските службеници се поставени на влез во хотелот и на сите катови, со цел гарантирање и одржување на редот во објектот. Апелирав до нив да водат сметка за своето здравје и за својот живот, но и целосно да бидат на располагање на граѓаните кои се сместени во карантискиот објект.

Во моментов припадниците на Министерството за внатрешни работи обезбедуваат седум објекти, а заклучно со денес во државен карантин се спроведени околу 250 лица, вратени од странски земји, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.