петок, 4. декември 2020. Вести денес: 18
home Вести

Чулев: Спасовски само на еден месец пред замине донел 1750 решенија за распоредување, а делел решенија и на 3-ти јануари како технички премиер

Чулев: Спасовски само на еден месец пред замине донел 1750 решенија за распоредување, а делел решенија и на 3-ти јануари како технички премиер

-Тензиите во МВР се случија затоа што сите тендери беа поминати, а немаше лични карти, патни исправи, возачки дозволи и така натаму. Со госпоѓата Славјанка Петровска, заменик министерот во МВР од првин имав добри односи, а потоа се случија некои политички игри. Толку години сум во полицијата, никогаш нема да дозволам политичките ривалитети, конфликти или блокади со кои се соочувам од страна на владата да влијаат врз безбедноста на гражаните. Граѓаните нека бидат спокојни затоа што МВР ќе ги преземе сите мерки и активности со цел обезбедување на фер, мирни и демократски избори. Само да ве информирам дека Оливер Спасовски пред да замине технички премиер во владата, донел нова систематизација само за да го попречи нормалното функционирање на работата на новиот министер за внатрешни работи. Само за еден месец донел 1750 решенија и наредби за распоредување. Можете ли да замислите која бројка е тоа? А само за последната недела – 1100 решенија! Всушност решенија делел и на 3-ти јануари кога станал технички премиер. Значи правено е се, за кога јас ќе ја преземам функцијата да бидам административно блокиран, изјави техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во емисијата 200″ на Алсат М телевизија.

Коронавирус