сабота, 30. мај 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Чулев: Спасовски очајно се обидува низ некаква премиерска “величина“ која му ја додели Заев да ги скрие хаосот и безредието кои ги остави зад себе

Чулев: Спасовски очајно се обидува низ некаква премиерска “величина“ која му ја додели Заев да ги скрие хаосот и безредието кои ги остави зад себе

Целата работа околу начинот и условите на користење на службените возила на МВР се сведува на фактот што истите беа несоодветно и непрофесионално користени. Тоа е имот кој им припаѓа на граѓаните и треба да им служи на граѓаните, а не за приватни и било какви партиски потреби. Зад целата прашина околу овој случај се надзира потребата да се проблематизираат изборите, и нивното оддржување, нешто што јас нема да го дозволам со сиот мој капацитет и капацитетот на институцијата со која раководам, порачува Наќе Чулев, министер за внатрешни работи во техничката Влада.

-Очигледно е дека Оливер Спасовски очајно се обидува низ некаква премиерска ‘величина’ која му ја додели Заев да ги скрие хаосот и безредието кои ги остави зад себе. Денеска изјавува дека најмалку било важно кој какви службени автомобили користел, а во првите неколку часови кога самиот беше именуван за технички министер до после полноќ спроведуваше потери по службените возила на МВР. Истото се повтори и последниот ден кога како министер намерно ги распредели возилата од Кабинетот на МВР по други институции и организациски единици. Важно е каде се возилата господине Спасовски бидејќи изминативе 3 години блиските на вашите подредени се возеа во полициски автомобили, се кријат оштетени автомобили, инспектори беа во друштво на криминогени и сомнителни лица, а сега сакате со нив да осигурате повторување на истите работи од минатите изборни циклуси. Наместо да се користат за заштита на државната граница, дел од нив секојдневно од страна на советниците во МВР се на релација од Куманово до Скопје и назад. Сосема на крај, за кој систем на кариера сте се залагале кога омилена алатка за распоредување и унапредување ви биле наредбите? Очигледно за Вас правилата не значат ништо. За граѓаните клучно е да знаат дали функционерите прават злоупотреби, или ќе продолжиме да ги слушаме истите демагогии како до сега. Безбедноста на граѓаните треба да е најважна, МВР за тоа постои и така ќе работи додека ја сум прв човек на оваа институција, порача тој.

Коронавирус