понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 145
home Вести

Чулев со информации за втората вечер од полицискиот час

Чулев со информации за втората вечер од полицискиот час

Во текот на втората вечер од спроведувањето на мерката за ограничување на мерките на граѓаните во период од 21 до 05 часот, ја информирам јавноста дека:

✔️ Вкупно 133 граѓани не ја почитувале забраната за движењето на територијата на Република Македонија од кои најмногу во Скопје (44 лица), привидени се вкупно 26 лица, а против 33 лица се поднесени соодветни кривични пријави, за 3 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави. Вкупно опоменати се 71 лице.

✖️ Во текот на изминатото деноноќие за 461 лице се издадени решенија за изолација. Севкупно во перидот од 26.02 до 24.03 издадени се 1105 решенија за изолација, додека 8709 лица потпишале изјави за самоизолација.

☑️ Од страна на полициските службеници извршени се 617 контроли над лица во изолација и 3906 кај лица во самоизолација.

✍️ Во изминатите 24 часа во државен карантин се спроведени 108 лица, од кои 106 се лица кои се вратени од странските земји и се сместени во државен карантиран, а 2 лица се сместени во државен карантин на сопствена сметка, затоа што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, објави на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.