недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Чулев со голема благодарност за донацијата на АСМЛ

Чулев со голема благодарност за донацијата на АСМЛ

Во текот на денешниот ден пристигна донација од 5000 визири кои се наменети за полициските службеници.
Донација е гест на почит и благодарност од страна на младите лекари и активисти на Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ и акцијата 3Д Принт Медицинска за придонесот кој Министерството за внатрешни работо го има во справување со коронавирусот.

Нашата заедничка желба е успешно да го совладаме предизвикот со кој сме сите соочени, а меѓусебната поддршка и помош е клучна во остварување на оваа цел.

Благодарам на младите доктори и им честитам за упорноста и истрајноста во остварувањето на оваа хумана и благородна мисија.

Коронавирус