вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 98
home Вести

Чулев со честитка за денешните два празници

Чулев со честитка за денешните два празници

Денес граѓаните празнуваат два големи и значајни празници, еден верски и еден државен. На колегите, а потоа и на сите граѓани им ги честитам двата празници.

Соработката, меѓусебната доверба и почитување се основата на која се темели полициското постапување и полициската работа и токму на вакви значајни и важни денови добро е уште еднаш да се потсетиме на вредности кои му даваат смисла на живеењето, а општеството го прават средина во која секој го добива местото што го заслужува.

📍Ова денес го истакнав при мојата работна средба и посетата на полициските службеници кои се распоредени на полициските пунктови во околината на Тетово и Гостивар.

➡️ Уште еднаш се заблагодарив на полициските службеници и на сите граѓани кои и во деновите за празнување покажуваат исклучително високо ниво на меѓусебна почит, но и ги почитуваат одлуките и мерките кои се донесени од страна на Владата, а имаат за цел превенција од коронавирусот.

🗣Апелирам до граѓаните да останат во своите домови за време на ограничувањето на движењето овие неколку дена, да ги почитуваат мерките за користење заштитна опрема и искрено се надевам дека многу наскоро животот и секојдевните обврски ќе се вратат во нормала.

Фејсбук статус на техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.